| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на вереницата на Лазиќ: Јас и Дарко ја претчувствуваме мојата бременост

Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој доживеа тешка сообраќајна несреќа се уште се опоравува во болница во Земун. Како што пренесуваат српските медиуми, пејачот почнал да соработува со докторите и да се бори со зависностите за да може побрзо да излезе од болница.

Меѓутоа, пејачот деновие има голема причина за мотивација и радост – неговата свршеница Марина е бремена. Во интервју за епските медиуми, таа открила дека Дарко многу се возбудил кога дознал дека во јуни ќе стане татко по вторпат.

– Не знам како, но јас претчувствував, но и Дарко, дека во мене постои живот. Чувствуваме дека наскоро ќе станеме родители. Тоа на Дарко му даде голема сила за да оздрави и голема желба повторно да застане на нозе, вели свршеницата на пејачката.

Таа вели дека нема типични симпотми поврзани за бременоста.

– Немам никакви непријатности. Одлично се чувствувам. Апсолутно, не ми е важно каков ќе биде полот на бебето, нека биде живо и здраво. Млади сме и најубавите улоги дојдоа во вистинско време, да заборавиме на ужасот низ кој поминавме, вели Гагиќ.

За потсетување, Дарко веќе има една ќерка од бракот со пејачката Ана Севиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top