| четврток, 6 декември 2018 |

По вчерашниот напад, Бока не сака да игра и бара службена победа со санкции за Ривер

Еден од најочекуваните фудбалски настани во светот, популарното „Суперкласико“ меѓу Ривер Плате и Бока Јуниорс кое треба да се игра во рамки на финалето од Копа Либертадорес беше одложено на недредено време.

Поради нереди на улиците во Буенос Аирес и напад на автобусот на фудбалерите на Бока Јуниорс, дербито беше поместено за еден ден. Неколку членови на Бока се здобија со повреди и не сакаат да го играат дербито, а слично размислува и целиот колектив.

Во официјалниот допис на Бока Јуниорс, стои дека според членовите во статутот Ривер Плате треба да добие санкции за лошата безбедност на улиците, а победата да им припадне ним. Ставот на клубот е дека нема да го играат дербито, поради скандалот пред средбата на „Ел Монументал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top