| четврток, 6 декември 2018 |

Кореа го спаси Лацио во судиското продолжение против Милан

Лацио и Милан ги поделија бодовите на дербито на 13. коло во Серија А играјќи 1-1. Десеткуваните „росонери“ и покрај сериозните проблеми со повредите се наоѓаа пред победа, но во самиот финиш „лацијалите“ се изборија за бод.

Франк Кеси ги донесе гостите во водство од 1-0 во 78-та минута по една убава контра, но Лацио се извлече од „мртвите“ и тоа благодарение на резервистот Хоакин Кореа во 94-тата минута од натпреварот.

Лацио по ова реми останува на четвртата позиција на табелата со 23 бода, додека „росонерите“ се петти со бод помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top