| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Слободан Угриновски, претседателот на Титовите леви сили

Претседателот на Титовите леви сили, Слободан Угриновски почина ноќеска, а веста на својот Фејсбук профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски – Угро.

Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.

Погребот на Угриновски ќе биде на градските гробишта Бутел утре во 14 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top