| четврток, 6 декември 2018 |

Андре Силва ја однесе Севилја на врвот на шпанска Ла Лига

Севилја денеска успеа да слави на домашен терен против Валјадолид со 1-0 со што се искачи на чело на шпанската Ла Лига. По половина час игра,  португалскиот напаѓач Андре Силва ја затресе мрежата на противничката екипа и донесе водство со својот осми гол сезонава.

На полувремето заминаа двете екипи со тој резултат, а во вториот дел продолжија возбудувањата, но мрежите останаа да мируваат, па Севилја ги прослави важните три бода.

Севилја во моментов има 26 бодови и е на чело на табелата, а зад неа се Барселона со еден бод помалку и Атлетико Мадрид со два бода помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top