| четврток, 6 декември 2018 |

Магла на патот Тетово – Попова Шапка, видливост до 10 метри

Поради густа магла на патот Тетово – Попова Шапка видливоста е до 10 метри, информира ЈП Македонија пат.

Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Буково и од крак Маврово до Бунец, а видливост до 50 метри има од крак Маврово до Кичево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top