| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе биде ли Апелација доволно независна да потврди дека Јанакиески и Божиновски се притворени врз основа на фингирани белешки?

Комунистичкиот режим среќно живее - во затворите гнијат невини луѓе

Среќна Нова 49-та година – ништо не се променило иако се мислеше дека комунустичкиот режим одамна е урнат. Напротив, живееме негова мутирана форма, кога политички неистомисленици, поранешни високи државни и партиски функционери се апсат врз основа на лажни белешки од УБК, наводни оперативни сознанија, а сето тоа како знак на немоќ и бес на актуелната власт по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Утре на јавна седница на Апелацискиот суд ќе се одлучува за притворите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, односно дали овие поранешни високи функционери на Владата ќе продолжат да бидат колатерална штета и канал низ кој сувството и власта ќе ја канализираат немоќта да го пикнат Груевски зад решетки.

Фабрикувана белешка од непознат извор – како се затворени Јанакиески и Божиновски (видео)

 

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски беа притворени рано утрото околу 5 часот во средата на 14 ноември, веднаш откако беше потврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и бара политички азил. Решенијата за притвор се изготвени на брзина, така што решението за притвор на Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на СЈО, е ископирано и за Кирил Божиновски. Колкави биле бесот и немоќта на органите сведочат и „очигледните технички грешки“.

Прво, погрешен е бројот на предметот на Кирил Божиновски, за што подоцна Кривичниот совет изготвува и решение за исправка на „очигледна техничка грешка“.

Наместо КОК-КР бр. 1003/18 треба да стои КОК-КР бр. 1005/18

Дека решението изготвено за Јанакиески во брзањето било употребено и за Божиновски може да се види од приложените документи подолу во текстов.

Кирил Божиновски во моментов е опфатен само во еден еден предмет на СЈО, во „Титаник“, а не во предмети, како што пишува. Во повеќе предмети на СЈО досега е обвинет само Миле Јанакиески.

Решение за Кирил Божиновски

Решение Миле Јанакиески

Во двете решенија стои дека средбата со претседателот Иванов била остварена преку посредник, иницијатор на средбата со претседателот на Репубика Македонија бил Миле Јанакиески, односно Кирил Божиновски, дека ги имале истите барања, дека ги имаат истите банкарски сметки во странство и дека се подготвуваат за истото бегство.

На средба со претседателот на Република Македонија бил Миле Јанакиески, кој закажал телефонски, како што потврди и Кабинетот на претседателот. Кирил Божиновски немал средба со Иванов, а тоа го потврди и Кабинетот на Иванов.

Ова само покажува дека дента по бегството на Никола Груевски вириело во Кривичниот суд, а овие решенија изготвени надве-натри се трапав одмазнички обид да се канализираат паниката и бесот и со притворањето на двајцата поранешни функционери во Владата, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар Кирил Божиновски да ѝ се замачкаат очите на јавноста за и да се компензира ударот од бегството на Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top