| четврток, 6 декември 2018 |

Браво Марија! Гледајте го настапот на Македонија на Детска Евровизија (видео)

Одличен настап имаше денеска македонската претставничка на Детската Евровизија во Минск, Белорусија. Погледнете ја Марија Спасовска со „Дома“.

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.

Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атакуваме на повисоките позции со песна на Дарко Димитров и Елена Ристеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top