| четврток, 6 декември 2018 |

Возеле без возачка, истрага против полицаецот што ги сопрел поради прекумерна употреба на сила

Рано утрово во 03,40 во Полициската станица во Гостивар, Ј.Р. (19) заедно со Ј.Ј. (17), двајцата од с.Врапчиште, и неговиот родител Ш.Р. (43), пријавиле дека истиот ден околу 00,15 часот во с.Топлица, во близина на бензиската пумпа, додека управувал патничко моторно возило „опел кадет“ со српска национална ознака во возилото со него биле лицата Ј.Ј., Ш.М. и Е.Б., забележал полициска патрола, но поради тоа што немал возачка дозвола, за да ја избегне полициската контрола свртел со возилото во правец на с. Врапчиште.

По возилото се упатила полициската патрола и со пуштено ротационо светло се движеле позади нив, но пријавителот не застанал туку продолжил да се движи кон с.Топлица, каде застанал во близина на основното училиште. Тогаш од полициското возило излегле тројца полициски службеници.

Полицискиот службеник Ј.Ј. вработен во Полициско одделение Галате при превземањето на службени дејствија ги пречекорил границите на службеното овластување и употребил прекумерна физичка сила удирајќи ги Ј.Р. Ј.Ј., Е.В. и Ш.М., сите од Општина Врапчиште.

Известен е јавен обвинител, како и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top