| четврток, 6 декември 2018 |

Милош и Наташа заедно загинаа, но нема заедно да почиваат во мир

Дваесет и петгодишниот Милош Николиќ, кој загина во петокот во тешка сообраќајна несреќа во Белград, денеска е погребан на гробиштата во родното село Сланци. Неговата девојка Наташа Белчевиќ, која настрада во истата несреќа, ќе биде погребана во понеделник во нејзиното родно место, соседното село Велико Село.

  • Милош и Наташа беа заедно четири години и многу се сакаа. Заедно заминаа во смрт, но семејствата одлучија да ги погребаат одделно – вели соговорник на српски „Курир“.

Младата двојка загина откако џипот „гранд чироки“ со кој управуваше Милош, се судри со автобусот 32 од ноќната линија. Тешко повредени се возачот и кондуктерката.

Наводно, џипот се движел со брзина од 200км на час. И Милош и Наташа загинаа на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top