| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалот со кражбата во домот на Манчевски се шири! Еве што е украдено

Извори од МВР потврдуваат дека Манчевски пријавил кражба на уметнички предмети и доверливи документи чија вредност е тешко да се процени.

Меѓу украденото од домот на министерот за информатичко општество и администрација е една слика, масло на платно со димензии 1,5-1 метар со ликот на Радмила Шекеринска, кој бил закачен во спалната соба на министерот. Зошто ограбувачите се одлучиле токму за оваа слика, засега е мистерија.

Службите ја водат истрагата во повеќе насоки, а едната е дека портретот на Радмила Шекеринска бил побаран од некој од производителите на гуми кои сакале во својата фабрика да оддадат почит на единствениот министер во свет кој на свечен начин ги пречекувал нарачаните автомобилски гуми. Втората верзија е дека зад овој чин стојат производителите на масло за мотори кои преку уцена сакаат да побараат ист третман и за нивните производи. Третата верзија е во насока на сомнежот дека зад платното се сокриени договорите во кои што Шекеринска сама на себе си ги издавала становите како урнек за натамошно избегнување на давачките кон државата.

Според наши извори, постои и четврта верзија која вели дека се подготвува голем грабеж нна Мона Лиза во Лувр па бил баран портрет кој би можел да го замени оригиналот на Леонардо Да Винчи.

Во однос на останатите предмнети, од спалната соба на министерот недостасува поголема количина лубриканти, но и документација за работењето на кумановските паркинзи. Имено во оваа документација е од историско значење бидејќи според неа Скопје и Белград е еден ист град, односно се гледа дека фирмата Метропаркинг ДОО Белград и Метропаркингплус ДОО Скопје се практично фирми кои немаат никаква меѓусебна поврзаност , а дека некој намерно во нив уште во 2011 година го вметнал Манчевски.

Заедно со документацијата украдена е уште една уметничка слика од тогашниот градоначалник Зоран Дамјановски во исклучително ретка ситуација, кога се појавил во својата канцеларија и цели 30 минути посветил на својата работа. Самиот Манчевски за полицијата изјавил дека сите го паметат овој момент во 8 годишното работење на Дамјановски и дека на барање на неговите соработници тоа било овековечено, по што Циц се упатил во најблиската кафеана.

Двоглед продолжува да ја следи истрагата и да информира за сите нови детали.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top