| четврток, 6 декември 2018 |

Русите ќе одат на Месечината само за прверат дали САД лажеше

Руската вселенска агенција Роскосмос подготвува екипаж за Месечината, пренесе руската агенција ТАСС.

Ова го исјавил директорот на Роскосмос Дмитриј Рогозин на средбата со претседателот на Молдaвија Игор Додон.

Рогозин, оваа информација ја сподели и на Твитер каде што напиша оти руска мисија на Месечината ќе има задача да провери дали Американците навистина биле таму пред педесетина години.

„Си поставивме цел да одлетаме таму и да провериме дали навистина биле на Месечината или не“, напиша Рогозин на Твитер.

Русите се сомневаа дека САД имале мисија на Месечината, осебно по неколку руски ракети упатени таму експлодирале на својот пат во вселената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top