Ги реализираме мерките од Планот за живот за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари за работниците, земјоделците, војниците, полицајците, за повеќе пари во секое семејство. За само две години, просечната плата според официјалните податоци на Државниот завод за статистика порасна за над 2.000 денари. Тоа е добар индикатор, работниците добиваат повеќе пари – изјави на прес-конференција Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Според негоб просечната плата во септември изнесува 24.355 денари што е за 2.164 денари повеќе во однос на септември 2016 година, во времето на претходната на власт.
Костадинов вели растат и пензиите, и пензионерите добиваат повеќе пари.
Тој додаде:
Платите и наредната година растат во сите сектори. Вработените во образованието, здравството, социјалните центри, детските градинки, одбраната, војската, полицијата и судството добиваат повиоски плати за 5 отсто. Докторите специјалисти добиваат повисоки плати од 10 отсто. Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите растат и во приватниот сектор. Значително се зголемува социјалната помош. Преку воведувањето на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права, лицата приматели на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Создаваме можности, околу 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток. Со воведувањето на мерката „зелена нафта“, земјоделските стопанства ќе добиваат поддршка до 30 отсто за набавка на нафта. Тоа ќе ги намали трошоците за производство и ќе останат повеќе пари кај земјоелците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст