Претставникот на граѓанската иницијатива „Македонија блокира“, Драган Угриновски најави дека 84 партии и организации следната сабота (1. декември) во 12 часот, ќе организираат голем протест пред Собранието на Република Македонија..
„Во ист ден, во исто време, внатре ќе се гласа за уставните амандмани, а надвор граѓаните ќе ја бранат државата. Влегуваме во финална битка против марионетската власт и нејзините надворешни соработници. Важно е како Македонци да останеме свои на своето. Победата треба да ја добиеме со масовни протести. Целта е распуштање на власта и избори“, рече Угриновски.
Тој додаде дека ова е финална битка со власта, а повикаа на излезност на протестот без разлика на политичката ориентација. Од иницијативата „Македонија блокира“ велат дека ќе останат на улица се до распуштање на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст