| четврток, 6 декември 2018 |

Демолирани возила на УБК

Шест службени возила во сопственост на УБК, утрово се демолирани на паркингот пред МТВ, објави Нетпрес.

Но, нешто што е прилично симптоматично е тоа што на истиот паркинг биле паркирани и други автомобили, но, оштетени се само возилата на УБК, поточно искршени им биле ветробранските стакла.
А, освен тоа што е причинета материјална штета, од возилата не било одземено ништо.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

Денеска во 08.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ се искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и едно возило сопственост на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, посочија од МВР.

Дали можеби оштетувањето само на возилата на УБК, од цел паркинг со возила, е можеби некоја порака, и од кого?
И, постојано се наметнува прашањето колку се сигурни граѓаните со аболицираните повратници кои секојдневно вршат кривични дела?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top