| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата тврди дека е прислушувана и следена, Спасовски и МВР не демантираа

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија пред десетина дена реагираше на Решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје за определување мерка притвор против лицето Миле Јанакиески, категорично одбивајќи каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука од страна на претседателот на државата.

-Ја информираме јавноста дека ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана ’строго доверливо’, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со претседателот Иванов која е одржана на 13.11.2018 година, вторник во 16:00 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. На средбата, воопшто не беа дискутирани темите амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту пак темата аболиција – стоеше во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

Кабинет на Иванов: МВР и УБК да одговорат врз која основа се следат активностите на Претседателот?

Понатаму тој запраша врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот Кабинет од страна на УБК? Кабинетот на Иванов побара одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК, од претседателот на Основниот суд Скопје 1. Но одговор и по речиси две недели нема.

Дали молкот на Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи е потврда на сомнежот на Иванов дека тој е следен?! Зошто МВР и УБК молчат на официјалниот допис од претседателот Иванов повеќе од 10 дена?!

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Република“ изјави дека се сомнева дека е следен од безбедносните служби. Според него се следи целата опозиција.

Имам отворен сомнеж дека ја следат цела опозиција, затоа е и отворениот сомнеж дека ме следат мене, моите соработници, но и тоа нема да им помогне. На Александар Николоски му објавуваат фотографии од средби на улица. И што мислите не го следеле Груевски и не,знаеле дека заминува?! Како тоа Вучиќ знаел, Албанија знаела, само Заев и Спасовски не знаат. Најмалку што треба да направи Спасовски е да си поднесе оставка веднаш. Човекот ја девалвира одговорната позиција со која не може да се носи. И не само тоа, што стана со реформите во полицијата, со реформите од Прибе, што стана со професионализацијата на полицијата. Ништо! Нема ниту една акција против организиран криминал, нема откриен шверц, казнет криминал. Цел апарат впрегнале за пресметка со опозицијата, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев

Тој и во едно телевизиско гостување потенцираше дека е следен.  Одговарајќи на прашање за бегството на Груевски лидерот на опозицијата рече:

Она што е многу поважно за јавноста е да добиеме одговор како ова се случи? Зошто надлежните институции во оваа држава кој што можам да кажам барем од лично сведочење е дека многу прецизно знаат јас каде се движам и не гледам причина како не би знаеле каде движел Груевски. Но доколку не знаеле тогаш навистина е пропуст на тие институции. Бидејќи станува збор за лице кое што нели веќе беше на начин кој што беше тоа сме го коментирале во минатото осуден на затворска казна од две години,Да престане ова шоу кое го приредуваат Оливер Спасовски и владата и да дојдат до мотивите и помагачите на овој настан, на кој целата македонска јавност беше сведок. Ја охрабрувам истрагата, потребно е расветлување на случајот.

Дали молкот на Спасовски и МВР е потврда на сомнежот на Иванов, како и на целата опозиција дека постојано се следени и прислушувани?!

Христијан Мицкоски: Институциите прецизно знаат каде јас се движам, па не знам како не знаеле каде се движел Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top