| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобро режирана претстава во Хрватска

Македонскиот театарски режисер Дејан Пројковски за претставата „Орестија“ од Есхил во продукција на Хрватско народно казалиште (ХНК) ја доби наградата за најдобра претстава во целина во Хрватска за 2018 одина.

Покрај Пројковски во тимот на претставата се уште двајца Македонци: сценографот и дизајнер Валентин Светозарев и композиторот на музиката Горан Трајковски.

Пројковски ја постави „Орестија“ на 64. издание на фестивалот „Сплитско лето“ во август.

Два и пол века старата трилогија на познатиот грчки драматург се занимава со семејното насилство, со семејните гревови и проклетства, каде што синот ја убива мајка си за да го одмазди својот татко.

Светозарев за претставата искористи стотина борови кои изгореле во ланскиот голем пожар што ја зафати планината и околината на Сплит. Теренот кој беше направен за претставата мештаните сега може да го искористат за спортски активности. По „Сплитското лето“ дополнително ќе биде уреден, а за да биде во функција на претставата на просторот биле донесени 300 тони материјал. Просторот е идеален за претстава бидејќи оттаму се гледа цел Сплит.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top