| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија на референдум: За или против роговите на кравите

Во Швајцарија, на референдум “за” или “против” ќе се гласа за роговите на кравите. Иницијатор на референдумот е земјоделецот Арим Капапул, кој собра 100.000 потписи за спасување, како што рече, “на честа на швајцарските крави”.

Денеска, само 10% од нив се со рогови. Аргументот зошто роговите се отстрануваат кратко време по раѓањето е дека животните можат да бидат повредени за време на транспортот.

Сепак, според Капул, роговите се важни за размена на топлина, животните ги имаат по волја, а и на чоколадните пакувања на швајцарската трговска марка, кравите се со рогови. Референдумот, се разбира, има друга димензија – 13 милиони евра.

Ова е затоа што учесниците ќе треба да одлучат дали да дадат финансиски поттик за земјоделците кои сакаат да ги задржат роговите.

Малку е веројатно дека претстојниот референдум ќе успее. Прелиминарните резултати покажуваат дека 46% од Швајцарците се “против”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top