| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Огнен убиен пред 27 години -Амиџиќ: Мојот син се распрашува за дедо му

Огнен Амиџиќ ниту по три децении од смртта на својот татко не дозна што точно се случи на 9 октомври 1991, кога Зоран Амиџиќ беше убиен заедно со уште тројца колеги новинари.

Огнен откри дека неговиот син Матија, кој го прослави својот пети роденден почнал дасе распрашува за дедо му.

-Матија започна да поставува прашања за својот дедо. Но кога ќе дојдевремето сигурно дека ќему објаснам кој беше негов дедо-изјавил Огнен за Телеграф.

Од летовооваа година една улица во Шабац го носи името “Амиџиќ, Бора, Деја и Сретен“,во чест на настраданите новинари.

–Бев на отварањето,тоасе измешани емоции.Тоа е една приказна која трае 27 години.Она што ми е драго е што Шабац како град не заборавил на него и целата екипа која настрада со него.-додава Амиџиќ

Инаку таткото на Огнен, Зоран бил дописник на РТС. Тој со колегите на 9 октомври 1991 бил пратен да направи куса репортажа во близина на фронтот. Но во заседа било пукано на нивниот автомобил на патот Петриња-Глина. Сите четворица ги изгубија животите, а сторителите никогаш не беа откриени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top