| четврток, 6 декември 2018 |

„Упс!“ со Лепа Брена: „Моја најголема грешка е што не одмарав повеќе!“

Најголемата балканска ѕвезда, Лепа Брена, оваа сабота е дел од рубриката „Упс!“. Пејачката вели дека е сигурна дека досега повеќепати во животот се нашла во ситуации кога одредена личност ја зезнала, но во моментов и е тешко да се сети на некоја, но затоа, пак откри која е нејзината најголема грешка која што сама ја направила во текот на овие 35 години кариера.

Мислам дека моја најголема грешка е што не се одмарав доволно и секогаш бев ориентирана кон работата. Но сега имам време да се забавувам и да го надокнадам сето она што го пропуштив, рече пејачката која на 15 декември ќе одржи голем концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Додаде и дека веќе за ништо во животот не стравува.

Не се плашам од ништо, единственоако може да се нарече како страв беше периодот кога ја скршив раката пред неколку години, па не дозволував на никој да ме потапка по рамо. Ми објаснија дека тоа е нормално во процес на опоравување, истакна Брена.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top