| четврток, 6 декември 2018 |

Играчите бараат помош, можно одложување на финалето: Напад врз автобусот на Бока

Финалето Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс закажано за 21 часот, може да биде одложено откако автобусот на Бока Јуниорс беше нападнат од страна на најжестоките навивачите на Ривер Плата. Непосредно пред да пристигне на стадионот „Монументал“, во автобусот беше фрлен солзавец, а искршени се и неколку стакла.

Во целиот инцидент настрадаа гостинските играчи. Меѓу оние на кои им требаше и лекарска помош беше Карлос Тевес.

Засега нема официјална информација дали големото дерби ќе биде одложено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top