| четврток, 6 декември 2018 |

Joвановиќ не е советник на Заев, ниту има план за него да биде

Лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ не е советник во Владата на Република Македонија и не е предвидено такво место во Владата, велат за Плусинфо од Владата.

Оттаму додаваат дека не е преговарано со Јовановиќ за советничко место во Владата.

Вчера српските медиуми објавија неофицијална информација во која се тврди дека лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ добил понуда од македонскиот премиер Зоран Заев функција на советник во својата влада.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека на Јовановиќ му било понудено местото советник за регионални односи и европска интеграција.

Според информацијата Јовановиќ пак му понудил на Заев создавање на регионална коалиција за мир во која покрај Србија и Македонија би влегле и претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора и „која би ја терала европската приказна и договорот на Белград со Албанците“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top