Тимот на Реал Мадрид врза четири победи во низа и во позитивна атмосфера го дочека денешниот меч со Еибар, но наместо да ја продолжи таа серија „кралевите“ доживеаја тежок пораз во Баскија од 3-0.
Клубот од шпанската престолнина беше целосно надигран од домаќините кои се бореа посветено за секоја топка на теренот и сосема заслужено дојдоа до победата. Ова го признаваат и во таборот на Реал кој преку дефазивецот Рафаел Варан испрати јасна порака:
– Еибар одигра директен натпревар, ги освои вторите топки и беше тешко за нас. Не можевме да го играме нашиот фудбал, не ни беше удобно. Ова е колективен проблем, сега мораме да бидеме обединети и да дадеме се од себе во следниот натпревар. Треба да се подобриме, истакна централниот дефанзивец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст