| четврток, 6 декември 2018 |

Двата закони со медиумите во Собранието

zakon za mediumiДвата предлог-закона – за медиуми и за аудио и аудиовизуелни услуги влегоа во собраниска процедура.  Повлекување на предлог-законот за медиуми побараа новинарскиот Синдикат, ЗНМ, Центарот за развој на медиуми и Македонскиот институт  за медиуми, заради, како велат „Владата не ги вгради суштинските забелешки.

“Наместо закон за медиуми кој не го бара ниту заедницата ниту ЕК, Владата треба да понуди законско решение за владините кампањи и за донациите на медиумите за изборната кампања. Бараме Владата да го повлече Предлог-законот за медиуми затоа што нема никакво образложение и потреба за тоа, а предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се корегира согласно забелешките домашните и странските институции” изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Од Синдикатот сметаат дека законот  дополнително ќе ја влоши состојбата во медиумите, бидејќи како вели Чаусидис, „ќе се контролира и оној дел од медиумскиот простор кој до некаде беше слободен од срамната корупциска спирала на реклами и услуги, а тоа е интернетот.“ 
Забелешки за неколку членови од законот имаат и од МАН кои ги доставиле до Собранието, а вчера ги изнесоа и пред министерот Ивановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top