| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид: Серхио Рамос никогаш не се допингувал

Реал Мадрид ги негира обвинувањата кои пристигнуваат во последните денови, во врска со случаjoт за допинг тестот кој нивниот капитен, Серхио Рамос го паднал пред финалето од Лигата на Шампионите против Јувентус. Клубот од Мадрид и ги демантира пишувањата во одредени медиуми, пред сè на неделникот „Spiegel“ кој откри податоци поврзани со Серхио Рамос од 2017 година.

Од Реал Мадрид уверуваат дека сè било по пропис на Светската антидопинг агенција, сепак медиумите продолжуваат да пренесуваат дека поединечни играчи се почесто тестирани.

Шпанскиот весник „Sport“ пак тврди дека незадоволството на Кристијано Роналдо било затоа што тој бил еден од најчестите тестирани фудбалери, со цел да се прикријат фудбалерите како Рамос.

Од Реал Мадрид ги негираат сите информации и наведуваат дека Рамос никогаш не ги прекршил прописите за контрола на допинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top