| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан охриѓанец синоќа завршил во притвoр: Скршил излог од казино, па удрил и по околните објекти

Синоќа околу 23 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш. (38) од Охрид. Тој пред казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со кршење на излози од казиното и уште неколку соседни објекти, а потоа започнал расправија со вработените.

Е.Ш е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top