НБРМ претпазливо ја најавува втората половина од годината. Повикувајќи се на надолните ревидирани стапки во Еврозоната, предупредува на ризици околу закрепнувањето на европската и на домашната економија.
„Евентуалната послаба домашна и надворешна побарувачка, во однос на очекувањата и бавното спроведување на предвидените реформи, што може неповолно да делува врз очекувањата и довербата на економските субјекти. Ваквите состојби во Еврозоната имаа ефект и врз оцените за странската ефективна побарувачка за македонски производи, која што е незначително ревидирана во надолна насока“, -стои во последниот извештај на НБРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.