| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина Арнаудова: „Вистинскиот маж те сака секој ден!“

Пејачката Кристина Арнаудова деновиве на „Инстаграм“ се пофали дека добила цвеќе од својот сопруг без никаков повод, а под фотката напиша:

Вистинскиот маж те сака секој ден!

Инаку, Арнаудова и сопругот Александар се во брак долги години, имаат два сина, а во моментов нејзиниот избраник е директор на ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Пејачката, пак, покрај музичката кариера успешно го води и своето хуманитарно здружение „Проект, среќа“ кое секојдневно организира настани и акции за најмалите и им помага на оние кои се социјално загрозени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top