| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на бензинска пумпа во Франција, маж се заканува со бомба

Маж во Франција се заканува дека ќе активира бомба на бензинска станица кај градот Ангерс и бара разговор со претседателот Емануел Макрон.

Министерот за внатрешни работи пред новинарите изјави дека мажот на бензинската пумпа носи рефлектирачки елек, ист како што носат демонстрантите кои деновиве протестираат ширум Франција поради високите цени на горивата.

Полицијата ги евакуира луѓето во непосредна близина.

Телевизиската куќа БФМ објави дека мажот што се заканува со бомба има историја на проблеми со наркотици.

На терен се осум комбиња со француски специјалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top