| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарот на Вардар застана на нозе по операцијата на коленото

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, по хируршката интервенција заздравува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. По тешката и ретка повреда на коленото, како што информираа од болницата, Борозан веќе застана на нозе.

„Повредата ја детектиравме во август, но одлучивме да издржам до 3 декември, додека трае Лигата на шампионите. Планот беше интервенцијата да ја направам за време на паузата за да можам да се вратам во вториот дел од сезоната, но, сепак, не испадна според зацртаниот план“ – изјави бекот на Вардар.

На Вуко Борозан сега му претстои рехабилитација од два до три месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top