| четврток, 6 декември 2018 |

Јанша осуден поради навреда на две новинарки

Лидерот на словенечката опозиција и поранешен премиер Јанез Јанша денеска неправосилно е осуден на три месеци условна затворска казна бидејќи на Твитер навреди две новинарки од Словенечката телевизија. Затворската казна ќе се активира доколку во период од една година го повтори делото.
Тој ги нарече новинарките медиумски проститутки откако во емисија, според него, некоректно информирале за неговата партија.

Кон почетокот на 2016 година, на Словенечката телевизија беше прикажана емисија во која Словенечката демократска партија на Јанша беше прикажана како партија чии членови се повразани со крајната екстремистичка десница и која бара ревизија на историјата. Партијата ги отфрли тврдењата, а Јанша реагираше на Твитер.

„на некакв Фејсбук страница на јавната телевизиска куќа се нудат евтини услуги од отслужените проститутки Еугенија Ц и Мојца П.Ш. Макро Милан“, напиша Јанша.

Во објавата се препознаа новинарките Еугенија Царл и уредничката на информативната програа Мојца Шетинц Пашек и поради навреда на честа, отштетно и кривично го тужеа Јанша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top