| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: СДСМ тоне и ќе замине во историјата како најнеспособна влада што некогаш Македонија ја имала

Анкетите и бројките не ни значат ништо. Ни значи тоа што го гледаме кај граѓаните на Република Македонија бидејќи секојдневно сме со народот. Се чувствува атмосферата дека СДСМ тоне и не работи ништо, владата предводена од Заев буквално нема ништо направено и тоа се гледа кај луѓето. Се гледа кај обичниот народ, кај бизнисмените, во администрацијата, буквално секаде. Од тоа што можеме да го почувствуваме од граѓаните е дека СДСМ тоне и ќе замине во историјата, а оваа Влада ќе биде прогласена за убедливо најнеспособната влада што некогаш Македонија ја имала – вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервју за КУРИР.

Запрашан за претресот на неговото возило по потрагата по Никола Груебски и колку таа потрага беше реална тој вели:

Најмал проблем е тоа што јас бев легитимиран и тоа што моето возило беше претресувано. Целиот проблем лежи во тоа што власта, пред се Заев и Оливер Спасовски веројатно знаеја каде е Груевски, знаеја што се случува, а одбраа да го прават тој циркуз токму пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со една полициска опсада, каде медиумите беа известени. Не само јас, десетици други луѓе беа запирани, претресувани и легитимирани, а за тоа време Груевски не ни бил во државата. Да кажеме дека сето тоа се правело без некоја причина или знаење е надвор од здравиот разум. Мислам дека вистинското прашање лежи токму кај Заев и Спасовски и тие се оние кои треба да одговорат зошто дозволија да се случи такво нешто.

Целото интервју прочитајте го на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top