| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозна е изјавата на министерот за eкологија Дураку дека не сме Швајцарија , тој веднаш треба да биде разрешен

Во емисијата Отворено на Алфа Телевизија на тема „До кога ќе се гушат граѓаните “ гостуваа Невенка Георгиевска од 02 Иницијативата и Андреа Јанков од „ Го сакам Водно“.

Невенка Георгиевска истакна дека скандалозна е изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека Македонија не е Швајцарија и дека тој треба веднаш да си даде оставка.

„Скандалозна е изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека не сме Швајцарија тој веднаш треба да си даде оставка. “

Георгиевска кажа дека срамно е што и Владата не реагирала на оваа изјава и на потфрлањето на работата на ова министерство . Таа смета дека Владата после таква изјава требала да го разреши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top