| четврток, 6 декември 2018 |

ЕДС демантира: Неточни се објавените информации дека грчкото обвинителство отворило истрага за компанијата ЕДС

Компанијата ЕДС, која е во целосна сопственост на грчката државна компанија за електродистрибуција, остро ги демантира наводите изнесени во текстовите во врска со продажбата на ЕДС.

Неточни и невистинити се наводите дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на ЕДС или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.

Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата.

Бараме од медиумите каде се објавени овие невистинити наводи, повикувајќи се на наводен извор во кој воопшто не е објавена таква информација, јавно да го објават демантот и да се извинат. Во спротивно ќе ги преземеме сите правни чекори за да го заштитиме угледот на компанијата ЕДС и да го спречиме ширењето на лажните обвинувања.

Веста која вчера беше објавена е целосно преземена од грчката телевизија СКАЈ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top