| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчани му ги вратија автобусите на Шилегов, сега ја чекаат галијата

Трите дотраени автобуси од ЈСП “Скопје“, што скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги испрати на позајмица во Битола за превоз на учениците, сепак, како што беа донесени инкогнито, така и си заминаа. Поради големите реакции заради опасноста да се врши превоз, дефектите што мораа да се отстрануваат на единствениот автобус кој беше ставен во функција и поради еуро-0 еколошки стандари со кои не е дозволено да се вози меѓуопштински превоз, оваа авантура на општинското раководство конечно заврши.

– Автобусите од град Скопје беа позајмени и пуштени до Општината Битола со намера да одговориме во тој критичен период и ситуација во која се најдовме. Откако ја надминавме, цениме дека нема потреба да престојуваат во нашата Општина и да носиме одговорност за нив – рече денеска градоначалничката Наташа Петровска.

Сега, битолчани се шегуваат дека во Битола се чека бродот од Скопје, откако првата дама на Битола на последната средба со Шилегов во Скопје му се заблагодари за трите автобуси и му побара една од галиите во “Вардар“.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top