| четврток, 6 декември 2018 |

Рибите се манипулаторки, а Девиците се мудри: Во кој тип жени спаѓате вие?

Овен
Во овој знак се раѓаат амазонки кои навикнале да бидат лидери и секогаш преземаат иницијатива. Ним воопшто не им требаат мажи во животот, а во врската најчесто се доминантни.

Бик
Жените родени во овој знак се вешти манипулаторки кои најчесто добиваат сè што ќе посакаат, благодарение на нивните неодолив шарм. Најдобро е да бидете во добри односи со нив, бидејќи можат да ви го загорчат животот.

Близнаци
Во овој знак не се раѓаат жени, туку девојчиња кои никогаш нема да пораснат. Иако можеби делуваат сериозно и зрело, секогаш се подготвени за забава, бидејќи играта ја сочинува нивната животна смисла.

Рак
Жените во овој знак се родени за да бидат мајки. Тие го развиваат мајчинскиот инстинкт уште во детството што ги прави одлични постари сестри и бебиситерки, а се однесуваат заштитнички и кон сите други важни луѓе во нивниот живот, поради што се одлични пријателки и девојки, односно сопруги.

Лав
Исто како што Лавот е крал на животните, така и жените родени во овој знак најчесто се однесуваат како вистински лавици. Тоа на некои луѓе им се допаѓа, додека некои не можат да го поднесат нивниот возвишен став. Но на Лавиците најчесто не им е важно што мисли некој за нив, бидејќи тие се сметаат себеси за совршени.

Девица
Жените родени во овој знак обично се многу мудри и одлично им оди советувањето. Но за да го добиете нивниот совет, прво треба да ве примат во нивниот тесен круг на пријатели, бидејќи многу тешко склопуваат пријателства.

Вага
Вагите се дами во секоја смисла на зборот, а често глумат и дами во неволја со надеж дека ќе ги спаси принцот на бел коњ. Иако однадвор делуваат кршливо и нежно, најчесто не се толку наивни колку што изгледаат и сето тоа е дел од нивната тактика за манипулирање со луѓето околу себе.

Скорпија
Во овој знак најчесто се раѓаат страсни и фатални жени, по кои мажите го губат паметот. Но иако ги следи таква репутација, Скорпиите се и многу чувствителни, а тоа го покажуваат само на луѓето на кои им веруваат.

Стрелец
Жените Стрелци можат да бидат женствени кога сакаат и кога имаат корист од тоа, но и имаат и многу други особини кои ги користат во зависност од приликата. Би можело да се каже дека се манипулаторки, а честопати, таа промена на личност и однесување воопшто не е под нивна контрола, туку природно им доаѓа.

Јарец
Жените родени во овој знак се мистериозни, поинакви и посебни, поради што честопати ги инспирираат другите. Би можеле дури и да ги наречеме музи. Покрај нив, мажите забораваат на сè и паѓаат под нивното волшебно влијание.

Водолија
Во овој знак се раѓаат паметни и убави жени кои го живеат животот со полни гради, поради што се многу привлечни за мажите. Но љубовните врски не се нивен приоритет и доволни си се самите на себе, па затоа многу е тешко да се освои нивното срце.

Риби
Рибите важат за големи актерки кои користат сплетки и лаги за да го добијат тоа што го сакаат. Но ако сте во добри односи со нив, никогаш нема да станите жртва на нивните манипулации. Подготвени се да сторат буквално сè за луѓето кои ги сакаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top