| четврток, 6 декември 2018 |

Најубавата Албанка се избламира!

Пејачката Рита Ора со потекло од Приштина, се избламира на настап во Њујорк по повод американскиот Ден на благодарноста.

Поп ѕвездата имала проблеми со озвучувањето и пеењето на плејбек. На видео-снимката јасно се гледа дека Рита почнува да отвара уста неколку секунди после пуштањето на нејзината песна “Let me love you”.

Твитерџиите жестоко ја нападнаа, со оглед дека таа се пофали дека секогаш на настапите пее во живо. Во нејзина одбрана застана и пејачот Џон Леџенд.

„Интересен факт. На ваквите случувања сите отвараме уста бидејќи е невозможно да имате добро озвучување за настан со ваков капацитет. Се надевам дека секако уживавте, напиша тој на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top