Опеарциските сали на Ортопедија кои почнаа да се реновираат пред околу шест месеци, тешко дека ќе бидат во функција до пролет следната година. Како што велат докторите од оваа клиника, тие оперираат на Клиниката за хирургија во термини кога се слободно нивните сали, па чекаат да завршат со операции докторите од овој оддел за хируршки интервенции, јавува Здравство.мк.
Тоа, велат лекарите, дека се случува на клиниката за хирургија најчесто во втора или трета смена.
– Знаеме дека колегите од Ортопедија се соочуваат со проблем, но ние тука не можеме да помогнеме. Има многу опеарции кои и ние мора да ги извршиме, велат од Клиниката за хирургија.
Сепак, граѓаните кои имаат потреба од операции како на колено, колк се ставени во многу тешка ситуација.
-Можеме веднаш да оперираме некој со скршен колк, но само ако има слободна операциска сала, ако не, треба да бараат спас на некое друго место, велат од клиниката за Ортопедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст