| четврток, 6 декември 2018 |

Денес 15 степени, од недела друга песна

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно наместа со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно наместа со сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до еден, а дневната температура до 11 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top