| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Договорот со Грција е штетен, асиметричен и капитулантски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повтори партискиот став за Договорот од Преспа во вечерашното интервју на 1ТВ.

Тој потенцираше дека договорот е капитулантски, штетен и асиметричен за Македонија.

Мицкоски посочи дека истиот ќе има последици во периодот што доаѓа, последици и замки на сметка на Македонија, особено во процесот на интегрирање на државата во Европската Унија.

-За нас овој договор е навистина асиметричен, штетен капитулантски како што сме го нарекле многу пати во минатото. И сите оние последици кои во периодот ќе доаѓаат, а на кој што ќе биде сведок македонската јавност се дополнителни замки во процесот на македонското интегрирање во рамките на Европската Унија. Просто е невозможно тоа што е зададено како цел во рамките на тој период кој што е зададен како цел да биде реализирано, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top