Преголема доза на ароганција, потценувачки тон, обид за понижување… Вака изгледаше односот на домаќинот Александар Чомовски, кон гостинот во неговото студиото, Христијан Мицкоски. Самиот Мицкоски, со пристоен тон, во неколку наврти посочи дека не може цела вечер да одговара на исти прашања, како и на хипотетички прашања од типoт што би било кога би било.
– Во антипрофилот што сте го подготвиле имаше доста неточни работи, не реагирав. Интересно е. Ова е првпат да видам дека во вашата телевизија се подготвува антипрофил. Не се сеќавам дека за други гости, како на пример кога Зоран Заев гостуваше во вашата телевизија немаше антипрофил – се насмеа Мицкоски, а секако, Чомовски на ова не даде никаков коментар.
Во антипрофилот постојано натежнуваше тој обид на Мицкоски да му се наметне Груевски како товар. Дека Мицкоски работи онака како што ќе му каже Груевски. Истиот обид се проткајуваше низ целото интервју. Очигледно е дека Мицкоски нема свој товар, па вечерва видовме веќе нешто видено – му го прилепуваат Груевски како товар, што веќе ниту изгледа интересно, ниту има поента. Без ефект. Иако Мицкоски кажа дека претходната власт не била во право за сѐ, учат од грешките, одат понатаму, дека не го оправдува Никола Груевски за азилот, апетитите на Чомовски не беа задоволени. Ги вртеше истите прашања, ги бараше истите одговори, како да му се креваше адреналинот со секој коментар на Мицкоски дека не ја оправдува постапката на Груевски или дека владата на Груевски имача грешки. Се обидуваше да се наметне како попаметен од соговорникот, да се постави кон Мицкоски како кон некој неискусен и недоволно упатен, некој што не ги знае и не ги познава работите. Па така среде одговор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, упадна со коментар дека Мицскоски не знае, ама тој знае за работи што се случувале во ВМРО-ДПМНЕ уште пред 30 години, на што, од соговорникот доби одговор дека партијата тогаш непостоела.
Секако, тука е и прашањето за, како што Чомовски се изрази, „белата палата“, зборувајќи за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Чомовски го запраша Мицкоски дали не му е срам кога влегува во таа зграда, која според вкусот на новинарот, е кич. Ако не па да ја сруши?! Мицкоски кажа – гордо влегувал и во жолтата, гордо влегува и во белата зграда… Некому му се допаѓа Телевизијата во која секој ден влегува Чомовски, некому не. Некој ја доживува вака, некој онака…
На крај простор за женските прашања на Чомовски. Се засекира дали Мицкоски се грижи за сопругата и мајката на Груевски и го искара зошто досега не им се јавил… Ете, ќе ја послуша сугестијата и уште утре ќе праша како е…
Јавноста во ова интервју не слушна и не дозна ништо ново. Не слушна ниту прашање кое веќе не е поставено, не слушна нешто што досега не е кажано. Само гледаше обид за потценување. А дали успеаа во тој обид?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст