| четврток, 6 декември 2018 |

Беа терористи, па убијци, на крај станаа проевропејци зашто некому му беа потребни

Секојдневно гледаме како на јавна сцена се тргува со право и правдина, и најпрво луѓето се наречени терористи, потоа се наречени убијци за на крај бидат проевропејци затоа што во тој даден момент некому му се потребни за да реализира некаква цел – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интерјву на 1ТВ

Тој во своето гостување во 1Тв посочи:

Вие имате случај во државата кога човек е фатен на дело како бара мито и тој е на една висока функција во оваа држава. Потоа, имате градоначалник во државата којшто е фатен како шверцува цигари и добива 6 месеци затвор којшто претпоставувам дома го издржува и никому ништо.

На прашањето што прави ВМРО-ДПМНЕ со осомничените од СЈО, како, Милошоски, Димовски, Мицкоски одговори дека тоа се луѓе со кои што соработувале и соработуваат и во моментот. Имено тоа се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој верува во презумцијата на невиност и верува во нивната невиност.

-И можам сега до утро да ви кажам вакви примери и никому ништо, а ние сега се обидуваме да наметнеме теза дека овие луѓе кои што оставиле силна трага не само во ВМРО-ДПМНЕ туку и во Република Македонија, се дел од моето опкружување, се мои сопартијци, луѓе со кои сум израснал во таа партија и е единствена, додаде претседателот Мицкоски.

Тој потенцираше дека прва и единствена негова политичка опција од неговото полнолетство па до ден денес била, е и ќе остане ВМРО-ДПМНЕ без разлика на неговиот ангажман. Претходно во „антипрофилот“ што му го подготви 1ТВ, беше посочено дека наводно тој променил политичка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top