| четврток, 6 декември 2018 |

Кога СДСМ исклучуваше функционери за изразено мислење и одење во Парламент, тоа беше вистински централизам и недемократија

Зборувајќи за одлуките на ВМРО-ДПМНЕ за исклучување на одредени лица од Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и за исклучување на некои луѓе од партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски искоментира:

„Имате вие сведоштво од минатото да речеме имате во СДСМ на пример членови, истакнати пратенички во минатото Буралиева, Грчева, беа исклучувани само затоа што се вратиле во Парламентот. Имате градоначалници кои што одлучиле спротивно од партискиот став да учествуваат на трката за локални избори. Па понатаму како што беше случајот со Стевче Јакимовски. Имате на пример со Нано Ружин, се сеќавам случајот кога прифати да биде амбасадор, па зошто прифатил повторно беше исклучен“.

Во интервјуто на 1ТВ тој додаде:

Така што имаме низа случаеви во другите политички партии, се разбира кои што делувале многу поапсолутистички од она што вие сега мене ме прашувате, одговори Мицкоски на прашањето на Чомовски дали исклучувањето е партиски централизам или централизам на Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top