Зборувајки за рушењето на Космос, запрашан дали му е непријатно да влегува во новата зграда, односно во седиштето на неговата партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски искоментира:
– Мене ми е гордост кога стапнувам во зградата на ВМРО-ДПМНЕ, ми беше гордост и кога влегував во седиштето во жолтата зграда. Но , ми беше срам кога ги гледав оние полицајци како се извинуваа додека ги претресуваа нашите автомобили барајќи го Груевски под моето седиште или под седиштето на возачот или во гепекот оној ден кога се одвиваше првиот чин од ова реално шоу кое за жал до ден денес трае. Ми беше жал кога опозиционата мисла беше тешко опколена од припадниците на МВР како ги претресуваат сите оние десетици членови на ВМРО-ДПМНЕ кои влегуваа или излегуваа од партиското седиште. Тоа беше директен атак врз опозициски мисла во Македонија.
Мицкоски го запраша вечерва новинарот и домаќин на емисијата Чомовски:
Зошто не го осудивте и вие тој атак, толку години сте искусен новинар во Македонија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст