| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Време е за финалната епизода од реалното шоу – Заев и Спасовски одговорни за бегството на Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се соменва како надлежните институции не знаеле каде се движел поранешниот премиер Никола Груевски, бидејќи станува збор за лице кое што е осудено на две години затвор.

Тој во вечерашното интервју на 1ТВ одговорноста за бегството на Груевски ја насочи кон премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ги повика нив да престанат со ова реално шоу и конечно да се дојде до финалната епизода и да се разреши случајот со бегството.

Мицкоски наведе дека немал никакви индиции дека Груевски ќе замине и охрабри истрагата да продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top