| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа влада предводена од Заев нема капацитет да направи нешто револуционеро за Македонија да оди напред

„Во демекври 2017 година бев избран за претседател и си поставив агенда, бидејќи оваа влада предводена од Заев нема капацитет да направи нешто револуционеро за Македонија да оди напред. Уште стојам зад тоа и посилно верувам дека тоа што сега се случува во земјата може да се опише со еден збор – црнило. Ветувам во правна држава и правен систем и реформи кои мора да се случат во правниот систем. Судството кое во овој момент е под палка на Заев. Мора да ставиме вистински темели и да расчистиме со криминалот и криминалците да го доживеат тоа што го заслужуваат“, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за време гостувањето во 1 Тв кај Александар Чомовски.

Тој додаде:

„Тоа е дел од мојата амбициозна агенда, уште повеќе верувам речиси нецела година од изборот дека такви реформи ни се потребни, бидејќи тоа што сега се случува е далеку од европско судство. За на граѓаните да им овозможиме посигурна иднина мора да се фокусираме на сегашноста за да ја подобриме иднината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top