| четврток, 6 декември 2018 |

Христијан Мицкоски: Институциите прецизно знаат каде јас се движам, па не знам како не знаеле каде се движел Груевски

Неопходно е да се спроведе истрага за јавноста да дознае што точно се случило во врска бегството на Никола Груевски – изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за време гостувањето на ! тв.

„Но она што е многу поважно за јавноста е да добиеме одговор како ова се случи? Зошто надлежните институции во оваа држава кој што можам да кажам барем од лично сведочење е дека многу прецизно знаат јас каде се движам и не гледам причина како не би знаеле каде движел Груевски. Но доколку не знаеле тогаш навистина е пропуст на тие институции. Бидејќи станува збор за лице кое што нели веќе беше на начин кој што беше тоа сме го коментирале во минатото осуден на затворска казна од две години,Да престане ова шоу кое го приредуваат Оливер Спасовски и владата и да дојдат до мотивите и помагачите на овој настан, на кој целата македонска јавност беше сведок. Ја охрабрувам истрагата, потребно е расветлување на случајот“, рече Мицкоски.

Мицкоски, одговарајќи на прашањето на Александар Чомовски при вечерашното гостување во 1ТВ, потенцираше дека при неговите разговори со Никола Груевски, непосредно пред бегството од државата, немал ни најмала индиција дека екс премиерот ќе побегне.

„Ние разговаравме за се што му се случуваше, за што го квалификувавме и јас и Груевски како политички прогон. Разговорот беше воден пред Груевски да поднесе жалба пред Апелацискиот суд и пред гласањето во Парламентот за одземање на неговиот мандат, така што отприлика тоа беа темите на кои разговаравме и ниту во еден момент не можев да претпоставам дали постои најмала индиција да побегне од државата“, одговори Мицкоски, на прашањето дали имал индиции дека Груевски подготвува бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top