| четврток, 6 декември 2018 |

Чомовски до Мицкоски: Се согласувам со голем дел од вашите констатации

Претседателот на опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски своето гостување во Отвореното студио на 1ТВ го започна со низа критики до актуелната власт предводена од Зоран Заев.

Ваквиот факт не зачудува со оглед на големиот број потфрлања на актуелната власт во поглед на економијата, судството, образованието и низа други општествени сфери не успевајќи да ги оствари своите предизборни ветувања кон гласачите.

Новинарот кој го води интервјуто, Александар Чомовски, кој важеше за еден од најгласните противници на претходната влада предводена од Никола Груевски, сега истакна дека се согласува со голем број од ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој жестоко ја критикуваше власта на СДСМ уште од самиот почеток на неговото интервју.

-Се согласувам со голем дел од вашите констатации и како јавна личност се согласувам, и не ми претставува многу ќејф, да ви дадам шанса да се занимавате со Заев – нистакна Чомовски, прашан од страна на Мицкоски зошто наместо на Заев и катастрофалните политики на оваа власт фокусот го фрлаат на ВМРО-ДПМНЕ и случувањата во партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top