Лидерот на најоголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во вечерашното гостување Отврорено студио на 1ТВ, вели дека поддржува дебата и различни ставови во партијата и дека реформаторите се уште се дел од партијата.
-Луѓето кои се декларираа како реформатори не се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, со дел од нив имам секојдневна куминикација. Нашата партија дава шанса на секого, доколку сте ја икористиле таа шанса, партијата одлучува дали ќе добите унапредување или спортски изразено ќе ве стави на резервна клупа, па во иднина пак ќе добите можност.
Логично е во партија како ВМРО-ДПМНЕ да имате реалични и други ставови до моментиот на донесување конечен став.
Однесувањето на нешто различно од официјалниот став не е дозволиво, така е и во други структури. Боралиева, Грчева на пример беа исклучени само затошто се вратиле во парламентот.
Се разбира дека сум за внатрепартиска дебата, поголема, со извршна група, централен комитет…кога ќе се донесе одлука таа треба и да се почитува, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст