| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Во Србија и Будимпешта бев приватно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата отворено студио вечерва запрашан за неговите патувања во соседна Србија и Унгарија, односно дали има некаква поврзаност со заминувањето на поранешниот премиер во Будимпешта, тој одговори дека на тие патување бил од приватни причини.

Бев надвор од Македонија, бев во Софија, патувањето беше од приватен карактер. Јас исто така и во Србија бев приватно, побарав да се сретнам со Вучиќ, но беше во Казакстан, изјави вечерва Мицкоски. Тој истакна дека во Унгарија бил три недели пред да се случи ситуацијата со Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top